петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 8 ново

Асани: Помилуваните од Иванов може да бидат и обештетени

56 политичари кои беа помилувани од претседателот Ѓорѓе Иванов пред две години, со обжалување на одлуката на домашните судови до Европскиот суд за човекови права не дека можат да бидат невини, туку можат да бидат и обештетени. Вака вели правникот Миралем Асани кој, врз основа на меѓународното право, оценува дека помилувањето е пристрасен и неповратен чин, јавува Алсат М.

– Помилувањето беше направено од страна на претседателот на државата и потоа се повлече, но за момент тој создаде правни ефекти. Имајќи предвид дека ова е унилатерален чин на претседателот на државата загарантиран со Уставот, постои страв и сомневање дека овие предмети по завршувањето на првиот степен, вториот степен или вонредни правни средства пред Врховниот суд , постои можност Европскиот суд за човекови права и слободи да донесе одлука, бидејќи овие еднаш биле помилувани, можно е тоа да ги прогласи неважечки овие пресуди и од обвинети да ни се појават како оштетени – изјави Миралем Асани, адвокат.

На 12 – ти април 2016 – та година, претседателот Ѓорге Иванов помилуваше 56 политичари кои беа под истрага на СЈО. По многуте реакции и масовни протести, два месеци подоцна Иванов целосно ја повлече одлуката за аболиција на политичарите, одлука која предизвика конфузија дали таа важни или не. Сепак, Иванов тогаш изјави дека оваа одлука ја донел за да ја извади земјата од политичката криза.

Од предметите на СЈО до сега со казна затвор се осудени тројца и тоа Никола Груевски, Ѓоко Поповски и Горан Грујовски, кој е во бегство. Во многу други случаи се изречени условни казни, додека наредните денови се очекуваат други судски одлуки за предметите на СЈО.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top