четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 112 ново

Митинг и контрамитинг во Берлин

Припадниците на германската партија Алтернатива за Германија се собрале денеска во центарот на Берлин на митингот против Владата на канцеларката Ангела Меркел. Нивните противници пак, се собрале на контрамитинг.

Алтернативата за Германија порасна во најголема опозициска партија во оваа земја откако освои 12,6 отсто од гласовите за влез во парламентот минатата година.

Бројот на нејзините симпатизери се зголеми под влијание на се поголемото чувство на граѓаните против мигрантите и против естаблишментот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top