среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 1 ново

Сјај и луксуз: Еве како изгледаше ќерката на Цеца на својот роденден (фото)

Анастасија Ражнатовиќ, ќерка на популарната пејачка Цеца Ражнатовиќ, вчеравечер го прослави 20-от роденден во еден белградски ресторан. Присутните гости цела вечер му се восхитуваа на фустанот што наследничката на Цеца го избрала за таа пригода.

Имено, Анастасија блесна во тоалета во боја на шампањско, украсена со кристали, а станува збор за креација на позната дизајнерка, чија цена изнесува како четири просечни плати.

Станува збор за рачна изработка со скапоцени кристали, а користени се најфини материјали, па затоа и не чуди што креацијата чини 2.000 евра. Извор близок до славеничката открива дека фустанот е само еден од подароците што Цеца и’ ги подарила на својата ќерка.

„Покрај фустанот од луксузен бренд, Анастасија најмногу ја усреќи што на нејзиниот роденден пееше омилениот пејач – Ацо Пејовиќ. Во еден миг, и Анастасија се фати замикрофонот и во дует со мајка си, отпеа неколку хитови на Цеца“, открива изворот за „Србија данас“.

Цеца Ражнатовиќ, која на забавата се појави во провокативен фустан со деколте, откри за медиумите дека е возбудена поради прославата на ќерка си, но дека не сака да прави медиумски циркус од тоа.

„Ова е веселба за пријателите и за нашите соработници, ништо специјално. Едноставно, причина да се собереме и да се дружиме“, изјави Цеца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top