понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Локални избори во Црна Гора

Граѓаните на десет црногорски општини, меѓу кои и најголемата – Подгорица, денеска избираат претставници на локалната самоуправа. Право на глас имаат 306.000 избирачи, што е речиси половина од вкупниот број жители.

Само во Подгорица право на глас имаат 130.000 избирачи, што е четвртина од вкупното избирачко тело. Граѓаните на Подгорица ќе избираат помеѓу 10 изборни листи.

Локалните избори ги надгледуваат домашни набљудувачи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top