среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 94 ново

Пожар во познатиот тематски забавен парк „Европа“ во германскиот град Руст (видео)

Голем пожар избувна синоќа во познатиот тематски парк „Европа“ во германскиот град Руст. Во пожарот изгореле неколку тематски содржини и едно складиште, но нема жртви или повредени лица.

На пожарникарите им требале неколку часа за да го изгаснат огнот. Веднаш по избувнувањето на пожарот, сите посетители на паркот биле евакуирани. Се претпоставува дека во тоа време во комплексот имало околу 23.000 лица.

Причините за пожарот, што започнал во тематската содржина „Пиратска пештера“, засега не се познати.

„Европа“ е втор најпознат тематски парк на европскиот континент, по „Дизниленд“ во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top