сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 29 ново

Откријте каков пар сте: Те сакам – не те сакам!

Паровите кои го негуваат односот „те сакам – не те сакам“ немаат многу шанси да опстанат, заклучокот е од истражувањето објавено во „Магазинот за брак и семејство“. Експретите анализраа 400 парови, истражувајќи што влијае на степенот на нивниот однос во посветеноста. И заклучокот, гледано според критериумот на посветеност, постојат четири типа на парови.

Горе-доле: Најмногу парови и припаѓаат на оваа група. Нивната карактеристика е неурамнотеженоста во односот, а посветеноста на партнерот се менува како клацкалица.

Фокусирани на партнерот: Овие парови ја гледаат другата страна позитивно. Промените на посветеноста се случуваат како резултат на неможноста парот заеднички да го минува времето.

Парови кои влијаат на семејството: За овие парови карактеристично е што односот се менува во ситуација кога пријателите и членовите на семејството го менуваат мислењето за врската. Овој тип е најчест кај младите генерации.

Чести кавги: Овие парови често се расправаат и токму конфликтите влијаат на степенот на посветеноста во односот.

Најмногу шанси да се раздели има парот од првата група и тоа двапати поголема отколку останатите парови. Најмногу шанси да опстане и развие сериозен однос има парот од втората група, во кој партнерите се фокусирани еден на друг.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top