среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 95 ново

Стјуард заигра на “Toксик” од Бритни Спирс за време на летот (видео)

Патниците кои летаа од Џенова за Борнмут преку авио-компанијата Рајан Ер имаат глетка за памтење.

Стјуардот Паоло неколку минути пред слетувањето на патниците им приреди вистинско изненадување.

Тој заигра на хитот “Toксик” од Бритни Спирс, а настапот му започна со соблекување на сакото од униформата.

Никој од патниците не остана рамнодушен на неговиот настап и речиси сите го снимаа овој необичен перформанс.

Погледнете како изгледаше сето тоа во видеото подолу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top