четврток, 20 септември 2018 | Вести денес: 99 ново

Чупиќ: Бевме премногу меки во одбраната!

Хрватското крило Иван Чупиќ изјави по поразот на Вардар од Монпелје во полуфиналето вечерва во „Ланксенс Арената“ дека Вардар имал многу проблеми и во првото и во второто полувреме, но најмногу потфрлила тимската одбрана поради која и – загубиле.

Чупиќ се бореше да влезе во историјата како прв со хет-трик на трофеи во низа, откако ги освои последните две со Кјелце и со Вардар, но францускиот тим со 28-27 победи денеска и ги спречи црвено-црните на патот кон одбрана на трофејот.

„Честитки за Монпелје, затоа што одиграа одлично, за разлика од нас. Ние имавме мака со нивната транзиција во првиот дел, а во второто полувреме имавме проблем со одбраната, со контактот… Бевме едноставно премногу меки. За разлика од тоа, во нападот бевме добри, дадовме 27 гола, што не е лошо за полуфинале, но…Одбраната потфрли, ни недостигаше и среќа, но мора да кажеме дека колективно денеска не бевме добри. На квалитет и искуство можевме да одиме и понатака но тие за нијанса беа подобри“, изјави Чупиќ.

Хрватот посочи дека кога не си 100 отсто на ниво, тешко се поминува во финале во ЛШ, додавајќи и дека Французите со ништо не ги изненадиле денеска

„Ги гледавме сите нивни мечеви и се плашевме дека можно е да имаат некои нови акции, но сè беше исто. Сепак, ние не бевме тие вистинските. Што е причината и зошто не одигравме како што можеме? Во полуфинале кога не си 100 отсто, не можеш повеќе од ова. Имаше мечеви во минатото кога победувавме така, ама денеска тоа не се случи“, додаде Чупиќ.

sport1.mk

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top