недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 2 ново

Протести на опозицијата во Албанија, има повредени

Денеска во Албанија илјадници Албанци излегоа на протест организиран од здружената опозиција на Љуљзим Баша. Тие побараа ставка од министерот за внатрешни работи, чиј брат неодамна беше уапсен за трговија со дрога, а наводно министерот Џафај го заштитил благодарение на својата позиција.

Љуљзим Баша во неговиот говор рече дека денешниот протест е доказ дека Албанците веќе на ја сакаат владата на Рама. Баша рече дека Албанија има само еден пат, патот кон западот и членството во ЕУ.

За сето тоа време, Џафај не излегол со коментар за денешните протести, а премиерот Еди Рама преку Фејсбук им се заблагодари на сите оние кои не учествувале во протестот.

Демнстрациите ескалираа со инциденти пред Владата, се фрлале факели и црна боја, а има и неколку повредени, меѓу кои 11 полицајци и еден уредник на весник.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top