понеделник, 16 јули 2018 | Вести денес: 0 ново

Наскоро договор за признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија

Процедурата за потпишување договор за взаемно признавање на возачките дозволи меѓу Македонија и Германија е во завршна фаза, текстот на договорот е усогласен меѓу двете страни и формални пречки за негово потпишување не постојат.

Ова го изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на средбата преставници на Иницијативниот одбор за признавање на македонските возачки дозволи во Германија, Александар Бузлески и Александар Камберовски.

Тој додаде дека во моментот се очекува одредување на датум за негово потпишување и изрази верување дека тоа се случи наскоро.

На средбата, претставниците го информираа министерот дека преку онлајн иницијативата се собрани 42 илјади потписи кои Иницијативниот одбор ги добил како поддршка на нивната иницијатива за признавање на македонските возачки дозволи.

Тие го потенцираа значењето на регулирањето на ова прашање, особено што во Германија живеат и работат голем број македонски државјани за кои ова би претставувало значително олеснување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top