недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 2 ново

Шефица од мали нозе: Што им правеше принцезата Шарлот на другите деца на свадбата на чичко и?

Во многуте јавни појавувања може да се види дека второто дете на принцот Вилијам и војвотката Кејт Мидлтон е многу доминантно, а тригодишната Шарлот тоа и го докажала на кралската венчавка на својот чичко Хари.

Неколку дена по кралската венчавка многу детали кои камерите и фоторепортерите ги пропуштија изглеуваат на виделина. Некои од гостите сега прераскажуваат интересна сцена меѓу деверушите и малите девери, кога главната улога по обичај ја превзела принцезата Шарлот.

Некои од гостите слушнале дека Шарлот ги предупредува останатите девојчиња дека мора да се придржуваат до протоколот.

-Не, не можете се уште да тргнете. Мораме да чекаме да не повикаат да влеземе-наводно рекла на своите другарки кои заедно со неа оделе зад невестата.

-Принцезата беше преслатка. Се гледаше дека сериозно ја сфатила оваа улога и дека е организирана-рекла за Дејли Меил една од гостинките која присутвувала на таа сцена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top