недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 2 ново

Ученик влегол со пиштоли во училница, наставник го соборил и спречил масакр (видео)

Џејсон Симен, наставник во училиште во Ноблсвил во американската држава Индијана, е опериран откако трипати бил погоден од огнено оружје, додека спречувал ученик да направи масакр во училницата, така што го соборил напаѓачот на под.

Во пораката на еден од учениците што бил на часот на Симен пишува дека наставникот го гаѓал напаѓачот со кошаркарска топка по глава и потоа го соборил, пробивајќи ја и вратата од оставата.

Локалните медиуми го контактирале братот на Симен, Џереми, кој живее во Аризона и кој за Индијанополис стар рекол дека Џејсон по пукањето бил во свесна состојба и разговарал со сопругата, велејќи ѝ дека е „океј“, пренесува АП.

Братот изјавил дека Симен играл американски фудбал додека студирал на Универзитетот во јужен Илиноис, и тоа на позицијата на одбранбен играч што трча да го собори противничкиот квотербек, како и дека никогаш не бил човек што бега од гужва.

Неименуван ученик во петокот наутро влегол во училницата за време на контролна задача, носејќи два пиштоли, откако претходно побарал да излезе од час. Во пукањето е ранет друг ученик и наставникот Симен, а напаѓачот е уапсен.

Ученикот од седми клас Итан Стоунбрејкер раскажа дека Симен веројатно спречил поголеми повреди со тоа што му се спротивставил на напаѓачот.

„Нашиот наставник веднаш потрча кон него, му го исфрли пиштолот од раката и го собори на подот. Да не беше тој, сигурно ќе имаше повеќе повредени меѓу нас“, рекол Стоунбрејкер.

Властите веруваат дека напаѓачот дејствувал сам, но не дадоа повеќе информации за него. На објавеното видео од хеликоптер се гледа како учениците излегуваат од училиштето и влегуваат во автобус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top