понеделник, 25 јуни 2018 | Вести денес: 6 ново

Четири хороскопски знаци зависни од секс

За нив велат дека едноставно не можат без „акција под чаршавите“, а еве и за кои 4 хороскопски знаци станува збор.

Oвен

Да, овој пат се работи за вистински, тешки зависници. Краткиот период без секс (говориме за ден или два) ги фрла во нервоза. А потоа стануваат агресивни кон околината, па подобро би било и да ги избегнувате. Единствено нешто што може накусо да ги смири се порно филмовите, но тоа може да биде и меч со две острици – тоа може да ги направи уште повеќе раздразливи.

Близнаци

Превртливите Близнаци сакаат да скокаат “од цвет на цвет”, веднаш штом забележат дека партнерот не ги задоволува нивните огромни потреби. Без секс немаат концентрација за ништо, па ако забележите дека на работното место им опаѓа ефективноста, знајте – пристигнал нивниот “сушен период”.

Лав

Лавот е буквално опседнат со сексот и “оние нешта” им се во главата буквално 24 часа во текот на денот. Па секако, тука има и освојувања и поседувања, зарем не? А уште и кога ќе започне да се фали… Ако се скарате со Лавот, знајте дека тој бил без секс барем 48 часа.

Скорпија

И конечно стигнавме до Скорпијата. Сте слушнале ли за изразот “незаситен”? Токму тој е како измислен за нив. Скорпијата може да ја изгуби самоконтролата кога е незадоволена, а ако е без секс подолго време, станува опседната и напорна. Дури и не е исклучено за во времето на апстиненција да посегне по “услугите” на проститутките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top