недела, 21 октомври 2018 | Вести денес: 51 ново

Да му помогнеме на момчето од специјалната олимпијада, Филип Петровски

Златното момче од Специјалната Олимпијада, 15 годишниот Филип Петровски, чека виза за живот. На својата пет годишна возраст ја добива дијагнозата тумор. Со првата операција е изваден дел, но по десет години потребна е нова операција. Хирургот кој го оперирал заминал во приватна болница, а докторите од неврохирургија на почетокот рекле дека треба истиот да го оперира, за потоа да не дозволат конзилијарно лекување.

Семејството нема пари, а сега ниту верба со променливите ставови на докторите. Операцијата во приватната болница чини 7 илјади евра. Без конзилијарно мислење од неврохирургија не може од фондот да обезбедат пари. Секој ден е важен, бидејќи туморот влијае и на центарот за дишење.

Петровски бараат помош за донација. Во семејството работи само таткото на Филип.

Телефонски број за донации

Telecom (Т-мобиле): 070/143-107

Донациите може да се дадат на жиро сметка

Стопанска Банка

200001687143884

Томче Петровски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top