четврток, 21 јуни 2018 | Вести денес: 80 ново

Франција не е ништо посебно, Погба мисли само на својата фризура

Селекторот на фудбалската репрезентација на Данска, Аге Хареиде, во изјава за противниците на неговиот тим на Светското првенство во Русија, наведе дека на Франција не гледа како на голема опасност. Австралија, Перу, Данска и Франција се наоѓаат во групата Ц на Мундијалот во која Французите важат за фаворити.

– Погба на натпреварот против Манчестер сити играше со обоена коса во сино и бело. Можеби ќе се обои во црвена и бела боја кога ќе игра против нас. Најверојатно тој размислува само каква ќе му биде фризурата. Јас не гледам опасност во нивниот тим, истакна Хареиде.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top