петок, 17 август 2018 | Вести денес: 31 ново

Илинден: Вработен спасил бензиска од грабеж, ги видел наоружаните крадците и им ја заклучил вратата

Рано утрово околу 04.15 часот, во Единицата за информации и команда Скопје, вработен на бензинска пумпа во населба Илинден – Скопје, пријавил дека две непознати маскирани лица се обиделе да извршат разбојништво.

Тој ги забележал лицата, кои имале огнено оружје, ја заклучил влезната врата од бензинската пумпа, по што тие заминале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за расчистување на случајот.

(фото – илустрација)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top