понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 88 ново

Три момчиња приведени во Градски парк: Додека сопствениците се забавувале, тие им ги кршеле колите пред дискотека

Вчера во 02.30 часот, кај дискотека во Градски Парк, полициски службеници ги забележале лицата К.П. (23), М.С. (21) и Н.В. (20), сите од Скопје, како се движат и со нозе удираат по паркираните возила и ги оштетуваат.

Полициските службеници се упатиле кон нив за да ги спречат. Кога ги забележале полициските службеници, лицата почнале да бегаат. Полициските службеници успеале да ги стигнат, по што лицата биле приведени во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top