среда, 17 октомври 2018 | Вести денес: 85 ново

Цел Балкан зборува за овој меч: Во прво полувреме дадоа три гола, во второ се тргаа да не им сметаат на противниците (видео)

Деновиве балканските медиуми на големо пишуваа за фудбалскиот натпревар од една од пониските лиги во Србија помеѓу екипите на Прва Искра и Единство. Во првите 45 минути гостите постигнале 3 гола, за во второто на теренот да се случи нешто неочекувано, домаќините да го свртат наптреверот за конечни 4-3.

Иако вакви пресврти се случувале на фудбалските натпревари, она што им паѓа во очи на сите кои ја погледнале снимката од натпреварот е однесувањето на гостите на теренот во вториот дел кои буквално како да бегаа од топката.

– „Брука и срамота за оваа држава“, „Како во прво дадоа три гола, а во второ се’ што направија е да се тргаат од пред патот на противникот“… се само дел од коментарите на социјалните мрежи за овој крајно сомнителен натпревар.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top