четврток, 21 јуни 2018 | Вести денес: 80 ново

Мицкоски покажа манири на европски политичар

Професорот на Правниот факултет „Јустинија Први”, Александар Климовски, во изјава за Курир вели дека на вчерашниот ТВ дуел, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на сублимиран начин го кажа она што огромен број граѓани го чувствуваат, како и оти тој покажа манири на европски политичар.

„Впечаток е дека по сите теми и прашања по кои се водеше ТВ дуелот, господинот Христијан Мицковски на еден сублимиран начин го кажа она што огромен број граѓани го чувствуваат.

При таа дебата тој покажа манири на европски политичар: одмереност во односот,
прецизност во исказите, силна аргументација и реторички капацитети иманентни за еден универзитетски професор и претседател на најголема политичка партија.

По однос на сите дебатирани прашања, по трите основни теми на ТВ дуелот, евидентен беше неговиот офанзивен стил и подготвеност со факти и бројки и со примена на компаративен и аналитички метод, пред граѓаните да се презентираат сите слабости во работењето на Владата во изминатата година, да се детектираат нејзините пропусти и грешки, но и да се потенцира конструктивната улога на опозицијата преку заштита на виталните интереси на државата во процесите околу спорот со името. Понатаму, тој конкретно ја презентираше и корективната улога на опозицијата во економските политики и конечно, ја потенцираше добронамерноста на опозицијата во учеството при носењето на т.н. реформски закони со 2/3 мнозинство, и покрај сите притисоци и ниски удари на кои опозицијата беше изложена цела година.

После овој ТВ дуел, Владата ќе мора да го смени стилот на однесувањето и драматично да го подобри сетот на политиките во сите домени на делување. Во спротивност, во недостаток на реализација на ветувањата дадени во изборната програма, високите претставници на актуелната извршна власт, сѐ повеќе ќе бегаат од ваков тип на ТВ соочувања.

Но, истовремено, тоа треба претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, дополнително да го мотивира и да го обврзе, да излезе со конкретни политики и проекти за сите сфери од животот на граѓаните, но и на државата, на собирот на 2-ри јуни кадешто тие ќе бидат соопштени. Тоа со себе носи голема одговорност и понатамошна посветеност во кристализирањето на политиките на опозицијата, како и дефинитивното окончување на процесите на реорганизацијата”, вели Климовски за Курир.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top