петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 17 ново

Вооружени маскирани лица ограбиле бензинска пумпа во Радишани

Вработен на бензинска пумпа на влез на Радишани-Скопје пријавил денеска околу 4 часот утрината во Единицата за информации и команда Скопје дека две непознати маскирани лица извршиле разбојништво над него.Според пријавата, сторителите со закана со оружје ги одзеле парите од дневниот промет и побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата и за расчистување на случајот, соопшти МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top