среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 1 ново

„Вардарци“ се подготвуваат за Монпеље – утре полуфинален дуел

Европскиот и македонски првак Вардар од вчера се наоѓа во Келн, каде утре и задутре по вторпат ќе учествува на завршниот турнир во борба за шампионскиот пехар. „Вардарци“ според денешниот план од 11 часот ќе имаат тренинг, а потоа во 13:30 часот дел од играчите ќе бидат на „средбата“ со медиумите во хотелот „Радисон Блу“. Покрај тренерот Раул Гонзалез најавено е дека ќе бидат присутни ракометарите: Стојанче Стоилов (капитен), Игор Карачиќ, Иван Чупиќ, Жоан Кањелас и Лука Циндриќ.

Вардар и Монпеље досега имаат одиграно четири натпревари во Лигата на шампионите, а Вардар има три победи и еден дуел завршил нерешено.

Почетокот на полуфиналето Вардар – Монпеље е во 18 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top