петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 10 ново

Експлозија во ресторан во Мисисaга, најмалку 15 повредени (фото)

Најмалку 15 лица се повредени рано изутринава при експлозија во ресторан во градот Мисисaга во канадската провинција Онтарио.

Според првичните информации станува збор за експлозија на рачно изработена бомба, а локалната полицијата трага по двајца мажи, кои се осомничени за активирање на експлозивната направа.

Како што јави ДПА, експлозијата се случила во 22:30 часот по локално време (4:30 часот по средноевропско време) во еден индиски ресторан во Мисисaга, град кој се наоѓа западно од Торонто.

Според полицијата, тројца од повредените се во критична состојба.

Извор: МИА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top