петок, 17 август 2018 | Вести денес: 31 ново

Mашки труп пронајден утрово во Вардар во Желино

Во водите на Вардар во општина Желино, утрово е пронајден машки труп. Телото не е идентификувано, а според првичните сознанија се претпоставува дека станува збор за 93­-годишно лице кое е пријавено како исчезнато пред 10 дена од село Стримница, општина Желино.

Се очекува екипи на Противпожаната единица на терен да го извлечат пронајдениот труп. Полицијата го обезбедува местото, по што ќе се врши увид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top