понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 88 ново

Мицкоски: Прикажувате некоја розева слика, а фактите говорат поинаку

Зборувате за некоја убава розова слика, но фактите се поинакви, сега дојдовме до бројки, сега нема лево десно, сега одиме на бројки. Ќе тргнеме од ова цунами, бидејќи цунами е одлика на оваа влада и на овој економски тим во владата на Зоран Заев. За да вие господине Заев имате 30.000 денари или 500 евра просечна плата, па дури и на крајот на вашиот мандат, па дури и тоа да бидат редовни парламентарни избори во 2021 година ќе треба да имате номинален пораз на платите на вработените за 11 проценти годишно, му порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на Зоран Заев на денешната ТВ дуел на македонската телевизија.

Тој додаде дека чесно е од негова страна и од неговиот економски тим да излезе пред граѓаните на Република Македонија и да каже дека згрешиле што ги излажале.

Вашите макроекономски показатели објавени транспарентно како што велите на сајтот на министерството за финансии објавувате дека 2018 година ќе ја завршите со номинален раст на платите од 4 проценти или реален од 2,3 проценти. Значи имаме номинален раст предвиден од 4 проценти на просечната плата, ако се одземе инфлацијата од 1,7 проценти која што ви е проектирана тогаш доаѓаме од пораст 2,3 проценти. Знаете колку е далеку 11 проценти, го праша Мицкоски.

Знаете зошто платите раст во текстилната индустрија? Поради две големи странски инвестиции, Џонсон контол која што се изгради во Струмица и уште една турска инвестиција. Знаете зошто кожарската индустрија растат? Погледнете ја продуктивноста во кожарската индустрија, таа паѓа, опаѓа производството. Првиот начин за да пораснат платите во текстилната индустрија е поради тие две странски инвестиции кои што го зголемија обемот на своето производство, а во кожарската најдовте рецепт како побрзо да ги банкротирате луѓето и тоа ќе се случи многу брзо, додаде Мицкоски.

Мицкоски потенцираше дека податоците кои што ги кажува се објавени на сајтот на министерството за финансии и го праша Заев дали верува на тие податоци. Заев му одговори дека верува со што призна дека неговата влада не може да ги реализира ветувањата дадени пред граѓаните во предизборниот период.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top