понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 88 ново

Големо невреме ја зафати Македонија: Владимир ги погоди Полог и Крива Паланка

Попладнево Полошкиот регион како и Криво Паланечкиот регион се на удар на циклонот Владимир кој во овие предели условува нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, силни електрични празнења, засилен ветер и локална појава на град.

Деновиве под влијание на овој циклон, времето ќе биде нестабилно облачно на повеќе места со поројни врнежи од дожд, грмежи, електрични празнења, засилен ветер, а локално процесите ќе бидет интензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, засилен ветер, силни и чести електрични празнења и појава на град.

Во ваква ситуација можни се и локални поројни поплави, информира метеорологот Славчо Поповски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top