среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 96 ново

Важно за сите кои утре ќе возат во главниот град: Oд 8.45 наутро посебен режим на сообраќај во Скопје

По повод одржувањето на третата ИПА Мото средба на мотоциклисти во организација на Меѓународното полициско здружение ИПА Оддел Македонија и Мото Клуб ИПА Македонија, Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје утре ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.

Утре по дефилето на учесниците на Мото средбата во периодот од 8,45 до 9,15 часот, и краткотрајното задржување и фотографирање пред Порта Македонија, учесниците во 9,45 часот ќе тргнат од Порта Македонија кон Крушево, а ќе се движат по сообраќајниците: по ул.„11-ти Октомври“, лево по бул..„Кочо Рацин“, десно бул.„Гоце Делчев“, лево ул.„Беласица“, десно по бул.„Александар Македонски“ кон автопат „Пријателство“.

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се движат мотоциклистите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top