петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 16 ново

ВМРО ДПМНЕ: Судот е политички, ги реализира нарачките на СДСМ и на Заев

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ во утринското соопштение обвинува дека судот е политички, ги реализира нарачките на СДСМ за да се дефокусира јавноста од, како што велат, грабежот кој во моментов се одвива во Република Македонија.

„Повисоки пензии нема, но затоа има пренос во живо од нарачани политички пресуди. Нови инвестиции и капитални проекти нема, но затоа послушните судии се расфрлаат со политички казни нарачани од криминалниот картел.

Правосудството во Република Македонија го живее својот најсрамен период. Република Македонија е единствена држава во Европа со политички затвореници. Вакви процеси на политички прогон има само Северна Кореја, а можеби ни таму.

Државата е киднапирана од картелот на власт, а судството е под заробеништво лично на Зоран Заев. Република Македонија со вакво судство не може да се придвижи ни чекор кон ЕУ и НАТО“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата додаваат дека десетици нивни членови се предмет на шиканирање и на монтиран прогон, само затоа што се политички неистомисленици на Зоран Заев, па се притвораат и затвораат.

„Државата економски тоне. Република Македонија се соочува со стагнација, која е почеток на економски егзодус, како во транзицијата. Раст на економијата нема, платите паѓаат, граѓаните се во безнадежност“, пишува во партиското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top