петок, 17 август 2018 | Вести денес: 32 ново

Концерт на македонски пијанисти утре во црквата „Света Софија“

По повод големиот празник Свети Кирил и Методиј, утре 24 мај, во катедралната  црква „Св. Софија“ ќе се одржи традиционалниот  концерт на растечката генерација македонски пијанисти.

Според организаторите концертот е во чест на нашите духовни татковци, сесловенските просветители Свети Кирил и Методи во лулката на словенската писменост – древниот Охрид.

Под уметничко раководство на проф. д-р Ана Гацева и проф.м-р Даниел Чуркоски на подумот ќе настапат уметници од растечката генерација македонски пијанисти. Тоа се наградувани ученици на државни и меѓународни натпревари кои се на почеток од своите професионални кариери.

Во чест на празникот воведна реч ќе имаа проф. д-р Димитар Пандев  а ќе настапи и младиот  актер Симон Јаковлев.  Претходно делегација од организаторите ќе положат свежо свеќе пред споменикот на Свети Кирил и Методиј во градскиот парк во Охрид. Меѓу оние кои ја помагаат манифестацијата се: МПЦ – Дебарско -кичевската епархија, фестивалот Охридско лето и Општина Охрид.

Влезот за концертот кој почнува во 19.30 часот е слободен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top