среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 95 ново

Букеровата награда за полската писателка Олга Токарчук

Полската писателка Олга Токарчук е добитник на Mеѓународната Букерова награда за романот „Flights“, во кој се опишуваат мноштво патувања меѓу времето, просторот и човековата анатомија.

Романот на Токарчук ги комбинира приказните за модерното патување со приказната за анатомистот од 17-от век кој прави дисекција на сопствената ампутирана нога и патешествието на срцето на композиторот Фредрик Шопен од Париз во Варшава по неговата смрт

Меѓународната награда Букер се доделува за странски публикации преведени на англиски и објавени во Велика Британија. Наградата од 67 илјади долари рамномерно се подели меѓу Токарчук и преведувачката Џенифер Крофт.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top