петок, 16 ноември 2018 | Вести денес: 107 ново

Во МНТ гостува претставата „Царство небеско – епика балканика“

Народно позориште Белград вечер ќе гостува со претставата „Царство небеско – епика балканика“ во режија на Јернеј Лоренци, која ја обработува српската епска поезија.

Режисерот Лоренци ја обработува оваа тема поради љубовта кон древните приказни и песни, како први документи на цивилизацијата.

– Ме интересираат темите, мотивите, дилемите, кои се тие страдања и мечти, и каква врска има сето тоа со нас денес. Многу заедничко. Во епиката работите се малку посурови, непосредни, со помалку лаги. А и страстите помалку се кријат. Ме фасцинира мечтата во приказните и песните, бидејќи имагинацијата е најголемата привилегија на човековото постоење. Српските песни се одлична комбинација на историјата, од една страна, и митологијата, од друга страна – истакнува словенечкиот режисер.

Претставата ќе се игра на две локации – првиот 90-минутен дел ќе биде на големата сцена во Македонскиот народен театар од 19 часот, а вториот 45-минутен дел ќе продолжи во кино „Фросина“ во 21 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top