среда, 14 ноември 2018 | Вести денес: 85 ново

Зукерберг пред ЕП: Голем број лажни вести доаѓаат од Македонија

Основачот и сопственик на најголемата социјална мрежа во светот, Фејсбук, Марк Зукерберг денеска одговараше пред пратениците во Европскиот парламент по скандалот со злоупотреба на податоците на корисниците преку компанијата Кембриџ Аналитика.

Во своето излагање првин ги потенцираше добрите страни на Фејсбук, а потоа и пропустите кои ги направиле.
Зборувајќи за злоупотребата да се дезинформираат корисниците на социјалната мрежа, а тука повторно се осврна на лажните вести од Македонија.

– Во 2016. годима бевме преспори да го идентификуваме мешањето на Русија во претседателските избори во САД. Не бевме доволно подготвени за видови координирани операции за дезинформирање за кои сега сме свесни, рекол тој.
Изјавил дека „Фејсбук“ веќе забранил голем број страници кои објавуваат лажни вести, а посебно ја издвои Македонија како земја од каде најмногу се шират и објавуваат бројни лажни вести.
Во своето излагање одговараше и на прашањата на пратениците во ЕП, кое траеше час и половина по што за останатите прашања се обврза одговори да достави во писмена форма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top