среда, 22 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Играчот на Партизан заврши в болница (видео)

Партизан ја совлада Мега Бемакс со 97:68 на отворањето на четвртфиналната серија од српскиот плеј-оф, но натпреварот го одбележа тешкиот пад на кошаркарот на Партизан, Банџа Си.

На почетокот од последната четвртина, француското крило заби преку противнички играч, но притоа падна на грб и по укажаната помош го напушти теренот.

Првите информации се дека тој има повреда на колкот и болки во ногата поради што итно морал да биде одведен в болница.

Уште е неизвесно дали Си ќе настапи на вториот натпревар од серијата против Мега Бемакс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top