сабота, 20 октомври 2018 | Вести денес: 33 ново

Миланов: Повторно не треба да има потерница за Грујовски и Бошковски

Адвокатотот Еленко Миланов, кој е дел од одбраната на повеќето случаи кои ги води СЈО, смета дека повторно не треба да има потерница за екс- разузнавачите Грујовски и Бошковски кои беа пуштени на слобода во Грција.

-Јас сметам дека во конкретниот случај за овие двајца и не треба да има повторно потерница затоа што потерницата е издадена, потерницата е реализирана и од таа потерница се ставени во екстрадиционен притвор, истакна Миланов.

Тој посочи дека пресудата на Врховниот суд во Атина е потврда дека одлуките на Европскиот суд за човекови права се токму во таа насока, дека еднаш стекнато право со аболиција, односно дека овие луѓе во овие постапки не можат да бидат понатаму гонети.

Миланов нагласи дека аболицијата е користена во сите приговори и е предочена на македонските судови.

-Македонските судови, во извештајот на Прибе требаше да се променат, но сепак не се променија, нагласи Миланов

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top