вторник, 21 август 2018 | Вести денес: 1 ново

Хороскопските знаци откриваат какви фотографии објавувате на Инстаграм

Во последно време Инстаграм стана попопуларен од Фејсбук. Луѓето се поактивни на оваа социјална мрежа и таму објавуваат повеќе фотографии. Но, има видлива разлика помеѓу Инстаграм профилите со илјадници следбеници и оние со помал број следбеници. Луѓето сакаат да гледаат убави фотографии со естетска вредност. Сепак, секој си ги објавува фотографиите што нему му се допаѓаат. Па, какви фотографии објавуваат хороскопските знаци? Продолжете со читање…

Овен
Фотографија од патики во суви лисја со следниов опис: „Времето е променливо, но и прекрасно истовремено.“

Бик
Фотографија од најновите козметички производи што сте ги купиле. И онака обожавате да се грижите за себе, зошто да не ја споделите тајната на вашиот совршен изглед со вашите следбеници?!

Близнаци
Спонтана фотографија со пријателите додека сте излезени на вечера.

Рак
Фотографија од куче или маче кои одмораат во вашиот дом. Описот гласи: „Единствениот човек што некогаш ќе ми треба.“

Лав
Фотографија од вас како позирате пред огледало и ги нагласувате убаво обликуваните мускули. Во описот објаснувате кои вежби ги правите и како се храните за да изгледате толку совршено.

Девица
Фотографија од вашата 4-та фризура месецов во различна боја, со опис: „Па, ова се случи денес.“

Вага
Фотографија од вашата прекрасно уредена во соба, а во позадина вашиот партнер опуштено си лежи на креветот. Описот гласи: „Опуштен ден по дома, пред да почне неделната тортура.“

Скорпија
Фотографија од вас како носите црна облека со минимални цветни детали. Во описот пишувате: „Понекогаш се облекувам во боја.“

Стрелец
Чудна фотографија од нешто што не може да се идентификува. Описот гласи: „Не се сеќавам на ова, но еве фотографија од минатата вечер.“

Јарец

Фотографија од песочна плажа на која се гледа како во раката држите или школка или пина колада во кокос. Во описот пишувате: „Сакам да се вратам назад!“

Водолија
Крупни кадри од работи на коишто случајно сте налетале дента, како на пример шолја за кафе или зграда со интересна архитектура. Не ставате описи.

Риби
Фотографија од вашиот лаптоп, кафе, отворен дневник на страницата каде што пишувате, пенкала, очила, книга и слично. Во описот пишувате нешто што ви се случило во последните 48 часа, а е сосема неповрзано со фотографијата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top