понеделник, 25 јуни 2018 | Вести денес: 5 ново

Пародија на песната која победи на Евровизија (видео)

Во сатиричната холандска ТВ-емисија беше исмеана песната „Toy“ која холандски музичари ја препеаја со изменет текст во кој остро го напаѓаат Ираел и односот на земјата кон Палестинците.

Амбасадорот на Израел во Хаг испрати протестно писмо до холандската ТВ-станица што ја објави снимката, до Министерството за надворешни работи и до Централната еврејска управа.

„Погледни ме, јас сум многу слатка земја, светски лидери ми јадат од дланка, со еден бакнеж го гасам секој оган. Правиме забава, дали доаѓате? Подоцна, во џамијата Ал Акса што наскоро секако ќе биде празна“- гласи изменетиот текст во втората строфа од пародичната песна.

Наместо рефренот „Не сум твоја играчка“, текстот е сменет во „Гледај колку убаво палам ракети“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top