петок, 21 септември 2018 | Вести денес: 18 ново

Бекам во сенка на првиот братучед на принцот Хари (фото)

Иако сите се уште се под импресии од изгледот на Давид Бекам на кралската венчавка овој викенд, сепак медиумите овие денови не престануваат да пишуваат за момчето со сина крв кое е вистински заводник.

Станува збор за внукот од брат на трагично загинатата принцеза Дајана кој воедно е и прв братучед на принцот Хари.

Дваесет и четири годишниот Луис Спенсер, односно аристократот Виконт Алторп како што му е официјалната титула беше придружуван од три дами на церемонијата- неговата мајка и две сестри.

Британскиот аристократ е сон на многу девојки во светот, особено во Велика Британија, а според тамошните медиуми тој се уште е слободно момче.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top