петок, 17 август 2018 | Вести денес: 32 ново

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука

Собранието на Република Македонија во рамки на 46. седница попладнево ги донесе измените и дополнувањата на Законот за државните награди, по скратена постапка, предложени од владејачкото мнозинство, а утврдена е и потребата за носење на Законот за поддршка на млади при купување на музички инструменти. Претходно беа донесени и измените на Изборниот законик, кој предвидува привремено решение за нов состав на Државната изборна комисија и други законски решенија.

Со измените на Законот за државните награди се предвидува воведување уште државна награда за Денот на албанската азбука 22 ноември. Опозицијата беше против предлогот нагласувајќи дека има и други заедници кои имаат свои значајни денови, како Ромите, Турците… и оти не гледаат зошто измените се носат по скратена постапка.

Главната дебата меѓу пратениците се водеше за тоа кој го предложил овој закон. Опозицската ВМРО-ДПМНЕ тврдеше дека тоа била Владата на поранешниот премиер и поранешен нивни партиски претседател Никола Груевски во март 2016 година, додека пратениците од СДСМ тврдеа дека ова е комплетно нов закон и оти е предложен од актуелната Влада на премиерот Зоран Заев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top