сабота, 22 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Шилегов ќе дава ваучери за такси за пијаните гости во кафеаните во Скопје

Град Скопје, Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот, Авто-мото сојузот на Македонија и 30 ресторани во Скопје почнуваат кампања „Ги возиме одговорните“ со која ќе ги мотивираат возачите да не возат пијани. Гостите во кафаните со нарачување на такси на онлајн апликацијата ќе добијат ваучери од 100 денари. Парите за ваучерите кои ќе ги добиваат пијаните гости ќе ги обезбедат кафаните кои се вклучени во овој проект.

-Загрижуваат бројките на пијани возачи во Скопје. Пред некој викенд дури 500 возачи беа фатени како возат под дејство на алкохол. Со вакви бројки не е воопшто чудно што сме на дното на листите за безбедност на улиците во европски рамки. Целта на оваа кампања е да ја зголемиме свеста кај граѓаните да возат одговорно, да избегнуваат да возат под дејство на алкохол како не би со загрозиле ниту својот ниту животот на другите учесници во сообраќајот. Граѓаните на Скопје мора да заборават на своите автомобили кога консумираат алкохол. Јавниот превоз работи до доцна во ноќта, такси цените се релативно евтини во споредба со други градови, а сега нудиме и можност за бесплатно такси, изјави градоначалникот Петре Шилегов.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top