петок, 17 август 2018 | Вести денес: 31 ново

Вечерва „Змејот од Босна“, а утре гала оперски концерт посветен на Пучини и Росини на МОВ

Утревечер (23.5) продолжуваме со Гала оперски концерт посветен на безвременските композитори Џакомо Пучини, по повод 160 години од неговото раѓање и Џоакино Росини, по повод 150 години од неговата смрт. На концертот ќе бидат изведени композиции од нивните ремек дела „Италијанка во Алжир“, „Пепелашка“, „Севилскиот берберин“ од Росини, како и дела од оперите „Манон Леско“, „Тоска“, „Турандот“ од Пучини. Диригенти на овој несекојдневен настан се: Рафаеле Масколо (Италија) и нашата Бисера Чадловска, додека како гостин – солист е сопранот од Русија, Елена Баканова, како и првенците од Македонската опера и балет.

Вечерва пак (22.5) МОБ е домаќин на Националниот театар од Сараево кои ќе ја изведат нивната најнова опера „Змејот од Босна“. Приказната за Хусеин Градашчевиќ (31 август 1802-17 август 1834), кој заради своите решителни ставови и херојската борба против Отоманската империја го добил прекарот „Змеј од Босна“ и станал народен херој и еден од најпочитуваните фигури во историјата на Босна и Херцеговина ќе ни ја пренесат Сараевската филхармонија и солистите Иван Шариќ, Леонардо Шариќ, Катарина Кикиќ, Адема Пљевљак-Крехиќ…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top