недела, 23 септември 2018 | Вести денес: 2 ново

Зиков: Не сум задоволен од пресудата за Ѓоко Поповски

Адвокатот на осудениот Ѓоко Поповски, Стерјо Зиков попладнево изрази незадоволство од изречената пресудата и од висината на казната.

– Да се даде девет години за кривично дело сторено пред 10 години во јавна набавка за која сега постои различно толкување на прописите дали биле правилно применети или не, сметам дека е работа за која не треба да се коментира. Ќе се обидам да се воздржам, тоа го бараше и Ѓоко од мене достоинствено да ја сослушаме пресудата и да продолжиме понатаму да се бориме со поднесување жалба до повисокиот суд, изјави Зиков пред Кривичниот суд.

Додаде дека ќе поднесе жалба за изречениот притвор за Поповски, но оти не очекува ефект од тоа.

Зиков рече дека неговиот клиент сериозно е загрижен и за утрешното изрекување на пресудата во случајот „Тенк“ за набавката на луксузниот мерцедес, каде е еден од обвинетите.

Поповски, како што рече Зиков, побарал од него да каже дека утре не сака да присуствува во Судот при изрекувањето на пресудата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top