петок, 22 јуни 2018 | Вести денес: 15 ново

„Скопје колинг 2018“ со музички атракции стартува на 21 јуни

Фестивалот го отвораат „Axwell & Ingrosso“ на 21 јуни, на 22 јуни доаѓаат „Мorcheeba“, а истата вечер е и големата француска атракција „Nouvelle Vague“, која ќе настапи заедно со „Morcheeba“ истата вечер, соопшти организаторот „Авалон продукција“.

На 23 јуни е вечерта резервирана за љубителите на рок музиката, зашто за прв пат во регионот доаѓа еден од најголемите британски бендови на сите времиња- „Теxas“, а за прв пат на голем концерт на отворено во Скопје ќе можете да го видите и хрватскиот музичар Дарко Рундек со неговиот бенд.

На денешната средба со новинарите гости беа диџеите Галоски (Galoski), Цврилик (Cvrillic), ДуоЗ (DuoZ) и Ампов (Ampov)кои со нивното учество ќе го збогатат фестивалот. Организаторите најавија дека наскоро ќе ги објават имињата и на новите артисти.

-Фестивалот се затвора со последната голема ѕвезда на електронската музика, Алан Волкер, кој што од логистички причини својот настап наместо на 2 јуни, ќе го има на 24-ти јуни, како големо затворање на овој четиридневен фестивалски спектакл. Сите оние што имаат купено влезници за Волкер за 2 јуни, истите ќе им важат и за новиот датум- 24 јуни, рекоа оттаму.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top