понеделник, 25 јуни 2018 | Вести денес: 6 ново

Со 44 поени Леброн изедначи на 2 – 2 во полуфиналето со Бостон и собори рекорд на Џабар

Кошаркарите на Кливленд Кавалирс ноќеска одиграа перфектна партија и со резултат од 111-102 го израмнија резултатот на 2-2 во финалната серија на Источната конференција против големиот ривал Бостон Селтикс.

Мечот го одблежа и одличниот Леброн Џејмс, кој повторно беше нерешлива енигма за противникот. „Кралот“ постигна 44 поени, со што го надмина рекордот на легендарниот Џабар по постигнати кошеви од игра во плеј-офот.

Со овоие поени, Леброн го израмни и достигнувањето на Ален Ајверсон и сега двајцата имаат по шест плеј-оф меча со над 40 поени. Петтиот меч на програмата е в четврток наутро со почеток од 2.30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top