понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 88 ново

Астеруд-Ристова до „Балистите“: За жалење сте, мастурбацијата е О.К.

Во низата реакции по пеењето „Македонско девојче к..ва голема“ на навивачката група „Балисти“ на ФК Шкендија, највпечатлива е таа на професорката Каролина Ристова-Астеруд:

„Молам навивачите на Шкендија да се информираат дека да си во граѓанин во Европа значи да си сексуално слободен, вклучително и за жените , вклучително и ако сакаме да се ку*ваме за и без пари , без никакви сексуални (себе) репресии, фрустрации и инхибиции.

По, по, јас сум македонско девојче, ку*ва најголема, ку*ва европска, западна и инфиделска, и топ ми е, ни на крај на памет не би се менувала да живеам во свет со вашиот затуцан, репресивен и женомразачки светоглед !

А вие не сте може свесни (освен што потсвеста ве открива), бајаги сте за жалење, ама, за ваша среќа, во Европа имаме лек и за тоа.

Мастурбацијата и гледањето порно се О.К., не се грев, а порното е дури достапно и за беспари на нет, а и проституцијата е ок, под одредени услови, пред се, ако е доброволна и трудот регулиран и заштитен“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top