понеделник, 15 октомври 2018 | Вести денес: 34 ново

Барак и Мишел Обама ќе бидат продуценти на „Нетфликс“

Поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и неговата сопруга Мишел, потпишаа повеќегодишен договор со компанијата „Нетфликс“ и ќе бидат продуценти на некои идни филмови и серии.

– Поранешниот претседател и неговата сопруга ќе имаат опција да продуцираат и документарни филмови – соопштија од „Нетфликс“ .

Обама на своите соработници им соопштил дека со ова нема намера да води кампања против неговиот наследник во Белата куќа, Доналд Трамп.

Барак и Мишел Обама претходно основаа компанија под име „Хајер граунд продакшнс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top