понеделник, 25 јуни 2018 | Вести денес: 4 ново

Плачев пред мајка ми и татко ми, не сакав да сум Мис!

Татјана Стојановска, познатата телевизиска водителка призна дека пуштила солза кога била избрана за најубава девојка во Македонија пред многу години.

– Ех, што ти е судбина. Тогаш не ни бев свесна….дури и плачев пред мајка ми и татко ми во собата после изборот. Не сакав да сум Мис! Дете! Се исплашив од таа титула. Но, Господ сакал така… -изјави Стојановска.

Таа деновиве прослави 25 години од матуриррањето, а се потсети и на своите први професионални успеси. На едно мошне убаво поминато време кога Татјана беше “Мис на Македонија” во Охрид 1992 година и „Мис Планета” на изборот во Бугарија 1993 година, на многубројни изјави и интервјуа за тогашните весници, на насловните страници…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top