понеделник, 22 октомври 2018 | Вести денес: 1 ново

Ердоган како Ким Џонг ун: Погледнете како „луѓето во црно“ го штитат турскиот претседател во Сараево

Работната посета на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Сараево ги изненади жителите на овој град по многу работи, но најмногу поради физичката заштита.

Четири члена на обезбедувањето на турскиот претседател, во црни костуми, трчаа паралелно со лимузината во која се возеше Ердоган, а задачата им била да обезбедат „сигурна зона“ околу возилото кое се движело низ Башчарчија.

Слична ситуација имаше минатиот месец, откако севернокорејскиот лидер Ким Џон ун се сретна со својот колега од Јужна Кореја. Додека Ким се возел во лимузината, околу неа трчале неговите телохранители, 12 мажи облечени во црни костуми.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top