недела, 24 јуни 2018 | Вести денес: 2 ново

„Дипломатска одмазда“ – 14 земји ги повлекуваат амбасадорите

Вкупно 14 земји собрани во Групата од Лима објавија дека ги повлекуваат своите амбасадори од Венецуела. Тоа го сторија бидејќи Николас Мадуро е повторно избран за претседател на државата чиј легитимитет на таа земја не го признаваат.

Групата која ги вклучува Аргентина, Бразил, Канада, Чиле, Колумбија и Мексико објави дека го спушта нивото на своите дипломатски односи со Венецуела поради протест на изборите кои не се во согласност со меѓународните норми на изборна регулатива, транспарентен и демократски.

На изборите кои беа одржани вчера, а кои ги критикуваше меѓународната заедница и кои опозицијата ги смета за наместени, Мандуро е избран за нов шестгодишен мандат со 68 отсто од гласовите.

Групата од Лима ја повтори загриженоста поради политичката, економската, социјалната и хуманитарната криза која го отежнува животот во Венецуела и се одразува со масовна миграција на жителите на Венецуела кон нивните земји.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top