среда, 22 август 2018 | Вести денес: 0 ново

Месечината на Јупитер“ од денес во кината

Најновиот филм на унгарскиот режисер Корнел Мундрока „Месечината на Јупитер“ денес пристигнува во домашните кина, и ни носи приказна за сириски имигрант, корупција и нетолеранција во современото општество.

Млад имигрант е застрелан додека се обидува илегално да ја премине границата. Исплашен и во шок, Арјан мистериозно почнува да левитира кога и да посака. Фрлен во камп, го криумчари Др. Штерн со намера да ја искористи неговата извонредна тајна. Гонети од разбеснетиот управник на кампот Ласло, тие постојано менуваат локација во потрага по безбедност и пари. Затечен од неверојатната моќ на Ајран, доктор Штерн ќе се сврти кон верата- во свет во кој чудата се разменуваат за мала надокнада.

Мундрока е режисер кој сака да снима уметнички филмови со фина доза на надреалност, со кој додатно нагласува одреден општествен проблем со кој се занимава во моментот.

Ова е седми долгометражен филм на познатиот унгарски режисер кој е миленик на фестивалот во Кан каде што се прикажани пет негови остварувања. За филмот „Белиот Бог“ во 2014 година, Мандруко освојува Гран При во селекција на „Извонреден Поглед“ на Кан, а филмот „Месечината на Јупитер“ беше во редовната натпреварувачка програма минатата година.

Овој филм поставува многу прашања, а домашната публика ќе има можност да го погледне од денес, 21 мај , во Градско кино Милениум во Скопје и 3Д кино Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top