среда, 20 јуни 2018 | Вести денес: 95 ново

Проверете дали во март сте зеле плата колку што изнесува просечната во Македонија

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март годинава изнесува 23.694 денари и е за 5,6 отсто повисока во споредба со истиот месец лани. Просечната исплатена бруто-плата, пак, е 34.764 денари и е повисока за 5,3 отсто во споредба со март 2017 година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на повисоката просечна месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите Рударство и вадење на камен за 19 отсто, Информации и комуникации 14,2 и Преработувачка индустрија 12,4 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Рударство и вадење на камен за 12,6 отсто, Финансиски дејности и дејности на осигурување 9,7 и Информации и комуникации за 8,8 отсто.

Зголемувањето, пак, на бруто-платата е резултат на повисоката просечна месечна исплатена бруто-плата по вработен во секторите Рударство и вадење на камен за 17,3 отсто, Информации и комуникации 14,6 и Преработувачка индустрија за 12,7 отсто. Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец, има во секторите Рударство и вадење на камен за 13,2 отсто, Финансиски дејности и дејности на осигурување 8,8 и Информации и комуникации за 8,7 отсто.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top