понеделник, 20 август 2018 | Вести денес: 88 ново

УЕФА го објави новиот спот со Јане (видео)

УЕФА го објави видео спотот за кампањата „Еднакви на терен“ во кој учествува Јане Велковски од Скопје, момче со спинална мускулна атрофија кое и во количка не се откажува од желбата да игра фудбал.

– Секој треба да може да ужива во фудбалот. Без разлика кој си, од каде си или како играш, е пораката која УЕФА ја испраќа со кампањата „Еднакви на терен“. Јане е еден од лицата на кампањата.

Инаку Јане замина во Лион на покана на УЕФА, поради снимање на видео спотот за кампањата. Таму играше фудбал со фудбалските ѕвезди Луис Фиго и Ерик Абидал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top